• сабота, 23 ноември 2024

Ученици од Берово дел од интернационалниот натпревар „Robot Design Challenge for Secondary Schoolgirls“

Ученици од Берово дел од интернационалниот натпревар „Robot Design Challenge for Secondary Schoolgirls“

Берово, 5 декември 2023 (МИА) - Тројца ученици од беровската гимназија „Ацо Русковски“ заедно со нивната менторка ја претставуваат Северна Македонија на 
интернационалниот натпревар „Robot Design Challenge for Secondary Schoolgirls“, кој се одржува во Белгија. Настанот се одржува во рамки на третиот годишен Форум организиран од Европската комисија и Генералниот директорат за образование, млади и култура.

-Се работи за настан во рамки на иницијативата #GirlsGoCircular која како организација поврзува 29.000 млади ученици, наставници, креатори на политики и клучни чинители во Европа, придонесувајќи за премостување на дигиталниот и родовиот јаз во #STEM и ИКТ полињата преку опремување на младите девојки со основни дигитални и претприемачки вештини, информираа од училиштето.

Тимот е составен од ученичките Мартина Терзиска, Јована Шишовска и Марија Димовска и менторот Цветанка Пеовска, кои на натпреварот учествуваат со решение за прочистување на воздухот во училиштата.

-Робот дизајн предизвикот се потпира на целите на проектот Grils Go Circular кои се изведени од  искуство и самодоверба со справување во технологијата применета на прашањата од реалниот свет и  со тоа го промовира интересот за научните области STEM (технологија, инженерство и математика), додадоа од училиштето „Ацо Русковски“.

Натпреварот се организира во рамки на „Grils Go Circular“, кој е проект за развој на дигитални и претприемнички вештини за циркуларна економија и поголема вклученост на девојките во науката. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан