• среда, 13 ноември 2024

УХМР најавува нестабилно време со пообилни врнежи

УХМР најавува нестабилно време со пообилни врнежи

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) – Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме.

Како што информираат од УХМР,  под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

- Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, стои во соопштението од УХМР. 

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.

- Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град. 

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. 

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок. ар/aa/
Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан