• вторник, 20 јануари 2026

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините

Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време.

Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините.

-Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, информира УХМР. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан