• сабота, 23 ноември 2024

Успешно завршена евакуацијата на грчкиот конзул од Мариупол

Успешно завршена евакуацијата на грчкиот конзул од Мариупол
Атина, 18 март 2022 (МИА) - Генералниот конзул на Грција во Мариупол Манолис Андрулакис и 11 лица од грчката дијаспора вечерва ја поминале украинско – молдавската граница, со што успешно заврши операцијата за нивна евакуација, како што соопшти на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас уште еднаш му се заблагодари на конзулот Андрулакис, како и на сите оние „кои помогнаа во успешното завршување на оваа особено тешка операција“. Генералниот конзул, пред почетокот на евакуацијата беше засолнат во објектот на ОБСЕ во Мариупол заедно со персоналот на организацијата, а според грчките медиуми, Андрулакис е последниот дипломат од ЕУ што го напушти Мариупол. Евакуацијата започна во вторникот, а од разбирливи причини, не беа соопштени детали околу операцијата и која рута ќе се следи, дали кон Романија или кон Молдавија. ср/

Остани поврзан