• среда, 25 декември 2024

Услугата“Плати преку линк”(Pay by link)за првпат во Македонија

Услугата“Плати преку линк”(Pay by link)за првпат во Македонија

Скопје, 16Октомври 2024 – Иновативната услуга „Плати преку линк“(pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички,КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можностиза големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис. 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан