• среда, 18 декември 2024

Прослава на музиката и културата: МТЕЛ спонзор на 26-то издание на култниот Таксират

Прослава на музиката и културата: МТЕЛ спонзор на 26-то издание на култниот Таксират

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, како дел од својата посветеност за поддршка на културата, заедницата и креативноста со гордост годинава ја презеде улогата на спонзор на еден од најдобрите европски музички настани, култниот македонски фестивалски бренд Таксират.

„Во МТЕЛ, веруваме во моќта на музиката да ги поврзува луѓето, да инспирира креативност и да ја слави различноста. Со спонзорирање на фестивалот Таксират, ја потврдуваме нашата посветеност на збогатување на културниот живот во Македонија и создавање незаборавни искуства за љубителите на музиката“, велат од компанијата.

Годинава на 7 декември во СЦ „Борис Трајковски“ се одржува 26-тото издание на фестивалот, а организаторите најавуваат незаборавна вечер со исклучителна музика и наелектризирани изведби.

Фестивалот Таксират прерасна во еден од најочекуваните музички настани во регионот, а овогодинешниот состав е ништо помалку од спектакуларен. Главната сцена ќе биде домаќин на светски познати уметници и регионални фаворити, меѓу кои Röyksopp (Норвешка) со нивниот легендарен електро-поп диџеј сет и Hot Since 82 (Велика Британија), заштитното лице на светскиот тек-хаус звук со своето деби во Македонија. Ним им се придружуваат регионалните миленици како Elemental (Хрватска) и безвременската рок енергија на Partibrejkers (Србија), кои ветуваат ноќ со незаборавни настапи! Повеќе информации за програмата и продажбата на карти може да најдете на taksirat.mk

Тагови

Остани поврзан