• четврток, 26 декември 2024

Умерен земјотрес регистриран на Камчатка

Умерен земјотрес регистриран на Камчатка
Москва, 17 јануари 2020 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Тихи Океан во близина на брегот на Камчатка на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Епицентарот на земјотресот бил на 94 километри од градот Петропавловск-Камчатски на длабочина од 20 километри. Нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета. ми/

Остани поврзан