Ал Сиси: Случувањата во Црвеното Море го чинеа Египет околу седум милијарди долари приход
- Случувањата во Црвеното Море и регионалните предизвици го чинеа Египет околу седум милијарди долари приход од Суецкиот канал во 2024 година, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Каиро, 26 декември 2024 (МИА) - Случувањата во Црвеното Море и регионалните предизвици го чинеа Египет околу седум милијарди долари приход од Суецкиот канал во 2024 година, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Египет загуби повеќе од 60 отсто од приходите од каналот во 2024 година во споредба со 2023 година, додаде Ал Сиси во изјавата, без да навлегува во детали за случувањата.
Припадниците на јеменската бунтовничка група Хути извршија речиси 100 напади врз бродови кои го преминаа Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците кои војуваат со Израел во Газа повеќе од една година.
Нападите ги принудија бродските компании да ги пренасочат бродовите од Суецкиот канал на подолги рути околу Африка, нарушувајќи ја глобалната трговија со одложување на пратките и зголемување на трошоците. рп/
Фото: МИА архива