• среда, 25 декември 2024

Украински тенкови разнесоа руски транспортери полни со војници во Курск

Украински тенкови разнесоа руски транспортери полни со војници во Курск

Киев, 12 ноември 2024 (МИА) - Во областа Курск се водат многу сурови борби, изјави за Форбс украински оператор со беспилотни летала.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинските сили се борат против 50.000 руски и севернокорејски војници во Курск.

Руски маринци од 155-та поморска пешадиска бригада и падобранци од 51-от воздушно-десантен полк вчера извршија фронтален напад на украинските линии.

Според украинскиот оператор со беспилотни летала, тој изброил 18 руски оклопни транспортери натоварени со војници и борбени возила на пешадија. Имало и пет тенкови од типот Т-72, ​​Т-80 и Т-90 кои биле организирани во три групи.

Тој соопшти дека борбите се одвиваат во хаотични услови на кратки растојанија меѓу завојуваните бригади.

Тој понатаму наведува дека двајца украински тенковски екипажи, веројатно од новоформираната 17-та тешка механизирана бригада, тргнале да се сретнат со Русите и излегле пред четири руски оклопни транспортери полни со војници.

Украинските тенкови не ги забележале руските возила додека војниците не скокнале од нив. Потоа бил отворен оган и уништен е еден транспортер.

–Не е невообичаено цели руски одреди да бидат збришани во еден украински удар, додаде тој. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан