Украинската армија истрела 74 проектили во регионот на Белгород, еден цивил загина
- Украинската армија во изминатите 24 часа истрела 74 проектили врз цели низ регионот на Белгород и го нападна регионот со 23 беспилотни летала, при што загина еден цивил, објави на својот канал Телеграм гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
Moсква, 18 ноември 2024 (МИА) - Украинската армија во изминатите 24 часа истрела 74 проектили врз цели низ регионот на Белгород и го нападна регионот со 23 беспилотни летала, при што загина еден цивил, објави на својот канал Телеграм гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
Според него, во рок од 24 часа биле нападнати 22 населени места во седум погранични окрузи на Белгородската област и била утврдена штета на две приватни домаќинства, една социјална зграда и четири автомобили.
„Во регионот Борисов, селото Грузскоје беше нападнато со два дрона. Во општинскиот округ Валујски, селото Бирјуч беше цел на два напади со камикази беспилотни летала. Еден маж почина на лице место од повредите“, напиша Гладков.
Тој рече дека биле истрелани осум проектили врз девет населени места во регионот на Белгород, а нападите биле извршени со употреба на 12 дронови. Според него, три населени места биле нападнати со 22 артилериски гранати и два беспилотни летала во областа Волоконо, 17 проектили биле истрелани врз две села во областа Граиворон, а нападите биле извршени со употреба на два дрона.
Од 11 април 2022 година, на целата територија на регионот Белгород е прогласено високо (жолто) ниво на опасност од тероризам. Потребата од воведување на овој режим беше предизвикана од влошувањето на ситуацијата на украинско-руската граница и зголемената активност на украинската армија во пограничните области. Должината на украинската граница со Белгородската област е 350 километри, наведуваат руска новинска агенција. рп/
Фото: МИА архива