• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украинската армија уништи четири руски хеликоптери и радарски комплекс

Украинската армија уништи четири руски хеликоптери и радарски комплекс

Киев, 24 март 2025 (МИА) – Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина, во соработка со Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, ракетните сили и артилерија, уништија два руски хеликоптери Ка-52 и два Ми-8 во руската Белгородската област.

Ка-52 е јуришен хеликоптер за извидување и напади на копнени цели, а Ми-8 е транспортен хеликоптер што го користат руските војници за транспорт на персонал и товар, како и за поддршка на копнените операции.

Украинформ јави и дека силите за специјални операции го уништиле рускиот радарски комплекс Утиос-ТМ, кој следел украински авиони, проектили и беспилотни летала во радиус од 360 километри. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан