• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џеј Ди Венс во петок ќе го посети Гренланд

Џеј Ди Венс во петок ќе го посети Гренланд

Вaшингтон, 25 март 2025 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека во петок ќе го посети Гренланд придружуван од висока американска делегација.

„Со нетрпение очекувам да го посетам Гренланд во петок“, напиша Венс на Икс.

Во посета на Гренланд ќе биде и сопругата на Венс, Уша Венс, како и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан