Украинската армија најверојатно погоди руско складиште за муниција во Шактарск
- На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа голем пожар во градот Шактарск, во Доњецк
Киев, 8 јули 2022 (МИА) - На социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледа голем пожар во градот Шактарск, во Доњецк.
Според непотврдени информации, украинската армија погодила големо руско складиште за муниција.
По експлозијата, наводно се евакуирани жителите на Шактарск. ми/