• сабота, 23 ноември 2024

Украина ќе ја пречека Италија во Леверкузен

Украина ќе ја пречека Италија во Леверкузен

Киев, 13 октомври 2023 (МИА) – Фудбалските репрезентации на Украина и Италија својот меѓусебен дуел во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 ќе го одиграат во германскиот град Леверкузен.

Дуелот, кој е во рамки на квалификациската група Ц, е закажан за 20 ноември на „БаиАрена“ од 20:45 часот, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Украина (УАФ).

„Задоволни сме што преговорите завршија успешно и со договор за одржувањето на натпреварот меѓу Украина и Италија на прекрасната „БаиАрена“ во Леверкузен“, соопшти УАФ, изразувајќи благодарност за соработката и поддршката до раководството на бундеслигашот Баер и Фудбалската федерација на Германија.

Следниот евроквалификациски натпревар Украина ќе го одигра в сабота против македонската репрезентација во Прага, по што во претпоследното коло гостува во Малта на 17 октомври. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан