• сабота, 27 јули 2024

Украина соопшти дека соборила 13 дронови и 12 ракети истрелани од Русија

Украина соопшти дека соборила 13 дронови и 12 ракети истрелани од Русија

Киев, 22 јуни 2024 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 12 од вкупно 16 руски ракети, како и сите 13 беспилотни летала кои ја нападнаа земјата, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на украинските воздухопловни сили.

По втор пат оваа недела, Русија изврши масовен напад врз критичната инфраструктура во различни региони на Украина, се додава во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан