• четврток, 26 декември 2024

УЕФА може да го одложи Еуро 2020 за декември

УЕФА може да го одложи Еуро 2020 за декември
Нион, 14 март 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација ќе ја разгледа опцијата з апрефрлање на Европското првенство од јули во декември, пренесе „Телеграф“. Трансферот на турнирот ќе овозможи националните првенства да завршат во текот на летото, затоа што сега сезоните во најдобрите пет европски лиги се суспендирани поради коронавирусот. Радикалните предлози, како што е и одложување на еврото во декември, ќе бидат дискутирани на состанокот на УЕФА во вторник. Исто така, постои и опција да се одложи турнирот за една година. Евро 2020 треба да се одржи од 12 јуни до 12 јули во 12 града ширум континентот. зс/

Остани поврзан