• четврток, 26 декември 2024

Убиен локалниот лидер на индиската владејачка партија во Кашмир

Убиен локалниот лидер на индиската владејачка партија во Кашмир
Њу Делхи, 8 јули 2020 (МИА) - Екстремистите денеска го убија локалниот лидер на индиската владејачка партија Баратија Џаната парија (БЈП) во спорната територија Кашмир, соопшти полицијата. Екстремистите отвориле оган врз Васим Барија, а во нападот загинаа и неговиот татко и брат. Индискиот премиер Нарендре Моди минатата година ја укина посебната автономија на Кашмир, кој со години се соочува со екстремистички напади. ми/

Остани поврзан