• петок, 27 декември 2024

Уапсен тетовец поради фалсификувана дозвола за престој во Швајцарија

Уапсен тетовец поради фалсификувана дозвола за престој во Швајцарија
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - Полициски службеници синоќа на Граничниот премин „Ќафасан“ уапсиле тетовец откако било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Синоќа во 21:25 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(48) од Тетово, затоа што при контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана, посочуваат од МВР. Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.фф/вј/

Остани поврзан