• понеделник, 29 јули 2024

ТФТ прв полуфиналист во кошаркарскиот Куп

ТФТ прв полуфиналист во кошаркарскиот Куп
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) – Завршницата на Македонскиот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ почна попладнево со изненадување, откако ТФТ го совлада првопласираниот тим при формирањето на четвртфиналните двојки Пелистер со 105-93. Клучен фактор во триумфот на скопскиот состав беше високиот процент на реализација на ударите од три поени, реализирајќи 14 тројки со 53 процентна успешност. Најефикасен во редовите на ТФТ беше Костовски со 22 поени, додека битолскиот состав го предводеше Малешевиќ со 29 поени. ТФТ во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Академија ФМП и Еуро Никел. ег/вј/

Остани поврзан