• среда, 13 ноември 2024

Туск: Полска ќе ја зајакне источната граница

Туск: Полска ќе ја зајакне источната граница

Варшава, 11 мај 2024 (МИА) - Полскиот премиер, Доналд Туск денеска изјави дека неговата земја започнува со работа за дополнително зајакнување на целата своја источна граница, бидејќи земјата се соочува со, како што рече, „хибридна војна“ поврзана со илегалната миграција од Белорусија, пренесоа британските медиуми.

Премиерот не даде дополнителни детали ниту за планираните акции ниту за средствата што треба да се доделат, но рече дека „нема ограничувања“ во однос на националната безбедност.

-Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалната имиграција. Всушност, имаме работа со прогресивна хибридна војна, рече премиерот на средбата со граничарите и војниците на границата. 

Туск нагласи оти не се сомнева дека цела Европа ќе инвестира во источната граница на Полска.

-Ова не е само граница на Полска, туку и на Европската Унија. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во својата безбедност инвестирајќи во источната граница на Полска, рече Туск. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан