• сабота, 23 ноември 2024

Турската полиција уапси 70 осомничени за врски со Исламската држава

Турската полиција уапси 70 осомничени за врски со Исламската држава

Истанбул, 11 јануари 2024 (МИА) - Турската полиција во рации изведувани во текот на оваа недела низ цела земја уапси 70 лица осомничени дека се поврзани со вооружената група Исламска држава (ИД), изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Јерликаја на социјалните мрежи објави дека во рациите биле откриени големи суми пари, дигитален материјал и сметки за банкарски трансакции на „Хавала“ - неформален систем за трансфер на пари во некои делови од муслиманскиот свет.

Турскиот министер објави и видео на кое се гледа како полицијата во воена опрема тргнува во претреси и апсења.

На крајот на декември турските безбедносни сили уапсија 32 лица осомничени дека се членови на ИД за кои државната агенција Анадолија кажа дека наводно планирале напади врз синагоги, цркви и ирачката амбасада.

Една недела претходно, полицијата уапси 304 осомничени борци на ИД ширум Турција во, како што изгледаше, безбедносна акција пред новогодишните прослави.

Во текот на изминатата деценија Исламска држава изврши серија смртоносни напади во Турција, вклучувајќи и вооружен напад во ноќен клуб во Истанбул, на 1 јануари 2017 година, во кој загинаа 39 лица, и бомбашки напад за време на Маршот на мирот во Анкара во октомври 2015 година. во која загинаа 105 лица. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан