• сабота, 27 јули 2024

Тројца македонски интернационални футсал-судии делегирани на ЛШ

Тројца македонски интернационални футсал-судии делегирани на ЛШ
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Марјан Младеновски, Јосип Бартон и Доне Ристовски се тројцата македонски судии кои ќе судат на натпревари од Лигата на шампионите во футсал. Македонските интернационални футсал-судии беа делегирани во главната фаза на Лигата на шампионите во футсал. Младеновски е назначен за натпревари од групата 7 во Литванија, Бартон е во групата 1 во Белгија, додека, Ристовски во Малта во група 3. Натпреварувањата се закажани од 25 до 30 октомври. ар/цр

Остани поврзан