• сабота, 23 ноември 2024

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денес учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап.

Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути пет секуни и 38 стотинки, скоро три секунди послабо од личниот рекорд.

Следна од македонските натпреварувачи на Игрите 2024 е Анастасија Мојсовска која утре ќе се појави во дисциплината стрелаштво - 10 метри воздушна пушка. зс/

Фото: МОК

Остани поврзан