Тројца загинати при уривање висококатница во Најроби
- Најмалку три лица загинаа при уривање на висока зграда во Најроби, а спасувачите се уште трагаат по исчезнатите.
![Тројца загинати при уривање висококатница во Најроби](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113230711_big_730x400_90.webp )
Најроби, 26 септември 2022 (МИА) - Најмалку три лица загинаа при уривање на висока зграда во Најроби, а спасувачите се уште трагаат по исчезнатите.
Гувернерот на округот Киамбу, Кимани Ваматанги рече дека загинале една жена и две деца, а четири лица се спасени.
„Знаеме дека под урнатините има маж и неговата сопруга и најверојатно дете“, изјави тој и додаде дека зградата е диво изградена и дека инвеститорот не ги почитувал правилата на локалните власти.
Уривања на згради се случуваат во Кенија поради слаб надзор на работите и корупција. паг/