• сабота, 27 јули 2024

Трката од Ф1 за Големата награда на Монако може да не се одржи поради протести во Франција

Трката од Ф1 за Големата награда на Монако може да не се одржи поради протести во Франција

Париз, 23 април 2023 (МИА) - Големата награда на Монако би можела да биде откажана поради можни прекини на струја кои се случуваат поради протестите во Франција, пишува „Racingnews365“.

 

Во Франција старосната граница за пензионирање треба да се зголеми од 62 на 64 години, а луѓето ќе имаат право на целосна пензија само ако работеле најмалку 43 години. Поради овие реформи во земјата се одржуваат протести, вклучувајќи го и синдикатот на енергетскиот сектор.

 

Големата награда на Монако е закажана за периодот 26 - 28 мај. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан