• среда, 25 декември 2024

Три земјотреси во различни делови од државава

Три земјотреси во различни делови од државава

Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Три земјотреси во различни делови од државава регистрирала рано утрово Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, во 1 часот и 12 минути бил регистриран земјотрес  со епицентар на 111 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда 3.3 степени е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Во 1 часот и 14 минути бил регистриран земјотрес со епицентар 113 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда 2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

-Во 01 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда 2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан