• среда, 25 декември 2024

Трипуноски: Дел откупувачи најавија повисоки цени, мора да биде официјално, писмено потврдено

Трипуноски: Дел откупувачи најавија повисоки цени, мора да биде официјално, писмено потврдено

Прилеп, 6 февруари 23024 (МИА) - Три помали и една поголема компанија за откуп на тутунот ги зголемуваат откупните цени за тутунарите да имаат исплатливост, им најави на тутунарите дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуноски кој денеска се сретна со производителите пред откупниот пункт на „Сокотаб“ во Прилеп.

-По состанокот што минатата недела го одржав со откупувачите со предлог да ги зголемат цените. Дел од компаниите предлогот го прифатија. Моите информации говорат дека три помали компании „Бако“, „Орбита“ и „Пашоски“ ги зголемија цените и имаат цена од 360, односно 365 денари. Дел од нив тоа го прават како награда, стимул за тутунарите, а дел веќе го имаат сменето ценовникот кој го имаа истакнато.  Утрото добив информација дека и „Сокотаб“ направила корекција на цените, односно доплата или награда како бонус до 35 денари за килограм, односно цената достигнува до 365 денари. Упатувам апел и другите компании да го следфат овој тренд, изјави Трипуноски.

На прашањето дали тоа е регулирано писмено на што инсистира Државниот земјоделски инспекторат зашто секој друг договор „во четири очи“ е манипулација за тутунарите, Трипуноски уверува дека ќе биде официјализирано.

-Процедурите се јасни. Или треба да направат корекција на ценовникот кој ќе биде јавно истакнат и ќе биде обврзувачки или ако се дели по основ на награда или бонуси, треба да биде ставено во некоја писмена форма за да не се мнанипулира со тутунарите, изјави Трипуноски.

Дополнителнит заменик министер за земјоделство Цветан Трипуноски најави дека ќже разговара со министерот Љупчо Николоски за заедно да се заокружи откупниот процес со рентабилна цена за тутунарите за да може да се планира новата реколта тутун.

Тутунарите пред откупниот пункт на „Сокотаб“ воприлеп беа во исчекување да видат дали реално ќе се зголемат цените на тутунот зашто, велат од тоа ќе зависи динамиката на откупот.

Инаку, откупот официјално ќе заврши на крајот на февруари. Досега се откупени околу 9 000 тони тутун по просечна цена од 330 денари за килограм. Реколтата се смета за преполовена и се проценува на 13 000 до 15 000 тони. ем/

фото извор МИА

Остани поврзан