• среда, 27 ноември 2024

Трипуновски: Наш приоритет ќе биде обезбедувањето доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини

Трипуновски: Наш приоритет ќе биде обезбедувањето доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини

Кочани, 27 март 2024 (МИА) – Обезбедувањето доволни количини вода за потребите на земјоделското производство е една од главните задачи што ќе ги имаме во наредниот период, а тоа ќе го оствариме со изградба на нови или довршување на почнатите водоснабдителни објекти, нагласи дополнителниот заменик министер за земјоделство во техничката Влада, Цветан Трипуновски, на средбата со членовите на риболовните и пчеларските здруженија во Кочани.

-Само 20 проценти досега се реализирани во изградбата на браната Речани, а крајниот рок беше до оваа есен. Значи, во изминатите шест-седум години, во кои требаше да има интензивно градење, тоа не е спроведено што говори дека имаме сериозен проблем во менаџирањето со водните ресурси и изградбата на вакви капитални инвестиции. Сето тоа е на директна штета на земјоделците. Ние сериозно ќе се посветиме на водостопанството и на довршувањето на оваа брана, како и на оние кои сè уште не се почнати, без разлика дали се во прва или во втора фаза. Тоа ќе биде наш приоритет во делот на навременото обезбедување доволни количини вода до секоја земјоделска површина во овој регион, истакна Трипуновски.

На средбата со риболовците и пчеларите од кочанскиот регион стана збор за актуелни проблеми со кои  тие се среќаваат во секојдневното работење, особено во зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд и заштитата на природната средина. та/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан