• вторник, 24 декември 2024

Трипуновски ги запозна риболовците од Охрид и Струга со новата риболовна основа за Охридското Езеро

Трипуновски ги запозна риболовците од Охрид и Струга со новата риболовна основа за Охридското Езеро

Охрид, 15 ноември 2024 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска беше во работна посета на Охрид и Струга, каде се сретна со претставници на риболовните здруженија и риболовците од тој крај.

Трипуновски рече дека посетата има за цел да ги запознае риболовците со неодамна донесената нова риболовна основа, што за Охридското Езеро како ревир предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на целото езеро.

- Со ова што го донесевме како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, исполнуваме уште едно од ветувањата од предизборниот период, рече тој.

Министерот посочи дека покрај за рекреативен риболов, со риболовната основа се става во функција целото езеро односно ќе биде под контрола и комерцијалниот излов што, како што рече, ќе значи дополнителна заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро. аб/цр

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан