• среда, 25 декември 2024

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Скопје, 9 април 2024

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по забележување на неправилности во работата на техничкиот министер за труд и социјална политика поднесе предлог до Владата на Република Северна Македонија за огласување за ништовно Решение за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.

Предлогот е даден по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд врз решението за разрешување по што се утврдени повеќе неправилности. Воедно забележана е и незаконската постапка од страна на техничкиот министер во делот на разрешување на директор во време на распишани избори, со еднострана одлука! Ваквата постапка е спротивна на Законот за Владата на Република Северна Македонија.

Во Законот е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство.

На 14та седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука да се огласи за ништовно разрешувањето директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика.

 

Кабинет на дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МТСП

 

 

Остани поврзан