• недела, 10 ноември 2024

Трамп ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите сопрузи за кого гласаат

Трамп ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите сопрузи за кого гласаат

Вашингтон, 2 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше идејата жените да не им кажуваат на своите мажи за кого гласаат, откако демократката Камала Харис во предизборна реклама им порача на жените да не споделуваат со своите партнери за кого гласаат.

„Можете ли да замислите жена да не му каже на својот сопруг за кого гласа? Дали некогаш сте слушнале за такво нешто? Дури и да имате лош однос, ќе му кажете на мажот. Тоа е смешна реклама. Толку глупаво“, рече Трамп.

Тој, исто така, ги осуди коментарите на бизнисменот Марк Кубан дека Трамп „одбегнува силни, интелигентни жени“, пренесува Си-Ен-Ен. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан