• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот што го погоди соседен Мјанмар

Премиерката на Тајланд го прогласи Бангкок за „вонредна зона“ по земјотресот што го погоди соседен Мјанмар

Бангкок, 28 март 2025 (МИА) – Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар.

Голема зграда во областа на паркот Чатучак се урна, при што загина најмалку едно лице, а има информации за штети низ градот, јави Си-Ен-Ен.

Шинаватра „веднаш му наложи на Министерството за внатрешни работи да го прогласи Бангкок за вонредна зона и да ги извести провинциите ширум земјата да ја третираат ситуацијата како национална вонредна состојба, овозможувајќи итна јавна помош доколку е потребно“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

„Премиерката веднаш се враќа во Бангкок и ја повикува јавноста да избегнува високи згради, да користи само скали и да остане смирена. Сите владини агенции се брифирани, а училиштата добија инструкции да ги испратат децата порано дома, се вели во соопштението.

Владата предупреди дека може да има нови потреси во следните 24 часа. Силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мјанмар по првичниот земјотрес со јачина од 7,7 степени. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан