• петок, 27 септември 2024

Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран

Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран

Вашингтон, 25 септември 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на изборите во САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е соочен со „големи закани од Иран“.

„Иран претставува голема закана за мојот живот. Целата американска војска гледа и чека“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој рече дека Иран „веќе презел мерки и не успеал, но ќе се обиде повторно“.

 „Опкружен сум со повеќе луѓе и оружје од кога било досега“, додаде Трамп.

Предизборниот тим на Трамп вчера соопшти дека американските разузнавачки служби го предупредиле поранешниот претседател за заканите на Иран дека ќе го убие. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан