• сабота, 09 ноември 2024

Трамп се враќа на митинг во Батлер на „местото на злосторот“ каде преживеа обид за атентат

Трамп се враќа на митинг во Батлер на „местото на злосторот“ каде преживеа обид за атентат

Вашингтон, 5 октомври 2024 (МИА) - Доналд Трамп денеска одржува митинг во истиот град во Пенсилванија каде што за малку ќе беше убиен во обид за атентат во јули. Викенд-посетата на Батлер, недалеку од Питсбург, за него е  „недовршена работа“, во она што би можело да биде најважната држава за овие избори.

-Тој ден кога ме застрелаа реков, ‘ќе се вратиме, ќе се вратиме.’ И сега го исполнувам тоа ветување,“ рече Трамп во интервју за NewsNation неделава. „Навистина, исполнувам една обврска.“

Иако градот е истиот, сè друго во претседателската трка за 2024 година е целосно променето откако вооружен напаѓач отвори оган врз толпата а куршум го продупчи увото на Трамп, само неколку минути по почетокот на неговиот говор, при што загина еден присутен а ранети беа двајца.
По обидот за атентат во Батлер следеше уште еден инцидент во септември кога Трамп играше голф во Флорида. Тоја нагласи исклучителната нестабилност и непредвидливоста на конечните фази од претседателската трка, која многу набљудувачи ја оценуваат како историска од повеќе аспекти.

Претседателот Џо Бајден, соочен со зголемен притисок од сопствената партија по слабата дебата во јуни, се повлече осум дена по пукањето во Трамп. Подоцнежното доаѓање на потпретседателката Камала Харис на врвот на демократската листа ја смени динамиката на изборите и го принуди Трамп да се приспособи на многу поинаков предизвик отколку што беше очекуваниот реванш од 2020 година за кој се подготвуваа двете партии.

Сега, со еден месец до 5 ноември, предвременото гласање и гласањето по пошта веќе се започнати во неколку држави, рекламни кампањи скапи милиони долари се во тек, а картата на „battleground states”  се оцртува.

Пет дена по пукањето, додека Трамп ги привлече републиканците со својот говор на конвенцијата во Милвоки, поранешниот претседател вети дека никогаш повеќе нема да ги споменува деталите за обидот за атентат.

Ова ветување не траеше долго, бидејќи пукањето во Батлер стана повторуван мотив во неговите митиншки говори. Насобраните толпи слушаа со големо внимание додека тој зборуваше за враќањето во тој град кој го опиша како „голема туристичка атракција“.

„Ќе се вратиме. Тоа е голема работа. Многу луѓе доаѓаат,“ рече Трамп. „Мислам дека ќе го започнам говорот со зборовите: ‘Како што реков...’“
Во меѓувреме, по двата обида за атентат, мерките за обезбедување на претседателските кандидати се подигнати на екстремно високо ниво, додека пртивкандидатите Трамп и Харис последниот месец од предизборето спремаат митинзи и средби во клучните окрузи и избирачки места во сините држави како Мичиген, Пенсилванија, и црвените Аризона, Невада, Џорџија и Северна Каролина. кб/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан