• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

Вашингтон, 28 декември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира спроведувањето на федералниот закон за ТикТок кој би ја забранил популарната социјална мрежа или би го принудил нејзиниот сопственик да ја продаде.

ТикТок и неговиот сопственик ByteDance настојуваат да ја задржат популарната онлајн апликација во САД, откако Конгресот во април гласаше за забрана, освен ако кинеската матична компанија на апликацијата не го продаде ТикТок до 19 јануари.

Тие се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд се согласи да го разгледа случајот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан