• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мелони убедена дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во првата половина на 2028

Мелони убедена дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во првата половина на 2028

Рим, 15 април 2025 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони на денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во Рим изјави дека е убедена оти Црна Гора ќе стане 28-та членка на Европската унија за време на италијанското претседавање со ЕУ, во првата половина на 2028 година.

Спајиќ е во прва официјална посета на Италија на покана на Мелони, а на нивната средба беше речено дека допрва доаѓаат најдобрите денови за соработка меѓу Црна Гора и Италија, а соработката во рамките на ЕУ ќе даде дополнителен поттик за зајакнување на севкупните односи.

На средбата се разговараше за заеднички проекти, соработка во областа на инфраструктурата, одбраната и енергетиката, подобро поврзување и поддршката на Италија на европскиот пат на Црна Гора. јт/

Фото: Спајиќ ја Х

Остани поврзан