• вторник, 12 ноември 2024

Традиционален собир на Македонците по потекло од Крчишта утре во црквата „Свети Спас" 

Традиционален собир на Македонците по потекло од Крчишта утре во црквата „Свети Спас

Дебар, 14 јуни 2024 (МИА) - Македонците по потекло од пограничното село Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод патрониот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, утре ќе одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Иако празникот секогаш се паѓа во четврток, со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир, последните години се одржува во сабота, веднаш по празникот, со собир во црквата „Свeти Спас".

Собирот почнува во 9 часот со свечена богослужба, по што продолжува заедничкото дружење и закуска.

-Очекуваме присуство на Македонци од Ербеле и Крчишта и Македонци по потекло од овие села а кои се иселени во други градови на Албанија и Македонија. Сите се добредојдени, да ја продолжиме традицијата, стои во објавата на организаторот, на Фејсбук.

Црквата е изградена во 1232 година и е споменик на културата. За време на режимот на Енвер Хоџа била претворена во магацин.

Во јуни 2009 година црквата „Свети Спас”, е преосветена, а одредени неопходни градежни активности се реализирани со помош на Македонците од Крчишта, кои мигрирале на македонска територија, на почеток во Дебар а потоа во Скопје и Охрид. 

Крчишта и Ербеле се македонски села кои се наоѓаат во областа Поле, оддалечени 10 километри од Дебар. Некогаш биле населени со Македонци, но, сега се останати само неколку македонски семејства. вт/лв/

фото: село Горно Крчишта

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан