• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Традиционален Осмомартовски базар во Велес

Традиционален Осмомартовски базар во Велес

Велес, 4 март 2025 (МИА) - Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Општина Велес и годинава по традиција организира  Осмомартовски базар пред платото на Основниот суд. На тезгите на велешките ракотворци и трговци можат да се најдат најразлични рачно изработени предмети, украси, накит и друг вид на подароци за денот на жената.

-Почитувани, побрзајте да го одберете најубавиот подарок за вашите баби, мајки, сестри и други ваши драги личности, порачуваат од Општина Велес.

Марина Бојаџиева ракотворка од Велес,порано вработена во Општина Велес, а сега во пензија е еден од излагачите ракотворци на Осмомартовскиот Базар. Во изјава за МИА, Бојаџиева потенцира дека самата помисла на жената, на мајката асоцира на љубов и има срце и затоа нејзините  ракотворби се’ во знакот на срцето, изработени во гипс, дрво и мотекупаж техника.

-Затоа оваа година, во знакот на срцето се моите ракотворби.Срцето на жената, мајката преполно со емоции, љубов, симпатија. Се надевам дека ќе им се допаднат на моите сограѓани. Уште утрото ги имав и првите купувачи тоа беше повозрасен маж кој купи наеднаш четири мои ракотворби за подарок за 8 Март, што пријатно ме изненади, а што значи дека им се допаднаа што посебно ме радува, потенцира Бојаџиева.

Сите тезги се на отворено и сите граѓани можат да ги посетат Осмомартовскиот базар во Велес  во наредните денови, а се’ до сабота до празникот 8-ми Март, и да купат рачно изработен и уникатен подарок од велешките ракотворци.ад/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан