Стружани оддаваат почит на жртвите од пожарот во Кочани
- Во Паркот на поезијата во Струга во организација на здружението „Аква“ денеска им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Струга, 17 март 2025 (МИА) - Во Паркот на поезијата во Струга во организација на здружението „Аква“ денеска им беше оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.
- Со длабока почит и солидарност, им оддадовме чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Младите и жителите на Струга, во тишина и со запалени свеќи, оддадоа почест на секој изгубен живот, споделувајќи болка и поддршка со нивните семејства, посочуваат од „Аква“.
Струга и стружани, додаваат, се со Кочани – во мислите, во срцата и во солидарноста.
- Со најдлабоко сочувство стоиме покрај семејствата на починатите и посакуваме брзо закрепнување на повредените, велат од здружението.
Сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата и до сите граѓани на Кочани испрати и Општина Струга.
- Во овие тешки моменти, нашите срца се со вас, споделувајќи ја болката и тагата за изгубените млади животи. На сите повредени им посакуваме брзо закрепнување, а на нивните семејства и пријатели сила за да ја надминат оваа тешка ситуација. Како заедница, остануваме обединети со вас во овој момент на жалост, нудејќи ја нашата целосна поддршка и солидарност. Оваа трагедија нè погодува сите и нè потсетува на важноста на грижата за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани, соопти Општина Струга. сс/цр
Фото: МИА