• среда, 25 декември 2024

Тошковски во посета на СВР Куманово, ОВР Кратово и ОВР Крива Паланка: Да се направи набавка на опрема неопходна за ефикасно работење на полицијата

Тошковски во посета на СВР Куманово, ОВР Кратово и ОВР Крива Паланка: Да се направи набавка на опрема неопходна за ефикасно работење на полицијата

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работни средби со раководствата на Секторот за внатрешни работи Куманово, Одделението за внатрешни работи Кратово и Одделението за внатрешни работи Крива Паланка.

На состаноците со раководствата на овие организациски единици, како што соопшти МВР, било потенцирано дека безбедносната состојба на целосно подрачје е стабилна, а се разговарало и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочени од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси.

-Генерален заклучок е дека што поскоро треба да се направи набавка на возила и друг вид на опрема неопходна за ефикасно постапување на полицијата и да се направат сериозни реформи во делот на систематизацијата на работните места во министерството и полициските службеници да бидат соодветно вреднувани согласно тежината на работните задачи кои ги извршуваат, истакнал министерот Тошковски на состаноците.

Остани поврзан