• сабота, 27 јули 2024

Тотенхем се договори со Ричарлисон

Тотенхем се договори со Ричарлисон
Лондон, 30 јуни 2022 (МИА) – Премиелигашот Тотенхем е блиску до потпис со напаѓачот на Евертон, Ричарлисон. Според „Скај спорт“, Спарс очекуваат да го комплетираат трансферот во следните 24 часа. Клубовите веќе ги финализираат преговорите, а „карамелите“ од Ливерпул се заинтересирани да го продадат играчот пред петок, кога ќе ја завршат финансиската година. На овој начин тие можат да се погрижат нивните операции да бидат во согласност со финансискиот фер-плеј на Премиер лигата. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Тотенхем веќе ги договорил личните услови со Бразилецот. Најавено е потпишување долгорочен договор. зс/

Остани поврзан