• сабота, 23 ноември 2024

Тотенхем во јануари би можел да го ангажира Рафиња од Барселона

Тотенхем во јануари би можел да го ангажира Рафиња од Барселона

Лондон, 18 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Барселона Рафиња може да ја продолжи кариерата во Англија.

Според „Football Transfers“, за 26-годишниот Бразилец е заинтересиран Тотенхем. 

Неодамна беше објавено дека Каталонците се подготвени да се разделат со напаѓачот.

Рафиња дојде во Барселона од Лидс во летото 2022 година. Оваа сезона тој има постигнато два гола и три асистенции на 11 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан