• недела, 24 ноември 2024

Тим Европа во посета на Велес

Тим Европа во посета на Велес
Велес, 15 март 2022 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Италија Андреа Силвестри денеска ќе го посетат Велес. Амбасадорите, кои го претставуваат Тимот Европа ќе бидат примени од градоначалникот на Велес, Марко Колев. - Посетата на Тим Европа на Велес ќе започне со средба со градоначалникот Колев, по што ќе следуваат изјави за медиумите од страна на градоначалникот и амбасадорот Гир, соопштија од Делегацијата на ЕУ. Амбасадорите Гир и Силвестри ќе го посетат Младинскиот центар во Велес каде ќе се сретнат со млади активисти и претставници на невладиниот сектор за да разговараат за предизвиците и потребите на младите. - Да се ​​даде можност гласот на младите да се слушне е важно со оглед на изгледите за отворање на Јуроп Хаус во Велес. Во контекст на 2022 година како Европска година на младите, Делегацијата на Европската Унија ја проширува својата мрежа на Јуроп Хаус во 4 други градови, меѓу кои и Велес, се вели во соопштението. Попладне ќе се одржи посета на археолошкиот локалитет „Стоби“, по што ќе следи презентација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 на нивниот проект имплементиран во рамките на Програмата Креативна Европа финансирана од ЕУ. - Проектот ја разви првата ВР апликација „Гладијаторите се вратија во Стоби“ која неодамна влезе во потесниот круг на World Summit Awards меѓу најдобрите дигитални иновации во 2021 година. Оваа апликација овозможува патување во минатото, каде што сите корисници имаат можност да видат гладијаторска претстава од римскиот период, наведуваат од Делегацијата на ЕУ. мс/са/

Остани поврзан