• недела, 24 ноември 2024

Тием го одложи враќањето на тениските терени

Тием го одложи враќањето на тениските терени
Виена, 3 февруари 2022 (МИА) - Австриецот Доминик Тием сè уште се рехабилитира од повредата на тетивата на десната рака и најрано ќе се врати на тениските терени на 10 март, кога стартува АТП турнирот од серијата 1.000 во Индијан Велс. Иако планираше да учествува, Тием (28) од почетокот на оваа година веќе ги откажа настапите на Австралија опен, како и турнирите во Кордоба, Буенос Аирес, Рио де Женеиро и Сантијаго де Чиле. Тием, кој во 2008 година го свои Ју Ес опен, е надвор од тенисот од јуни минатата година, поради што се спушти на 37. место на АТП листата. Австрискиот тенисер досега во кариерата освои 17 АТП титули, а играше и во финалињата на Ролан Гарос (2018 и 2019) и Австралија опен (2020). ег/ми/

Остани поврзан