• четврток, 03 октомври 2024

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино 

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино 

Неготино, 6 август 2024 (МИА) - Со тешки повреди се здобило едно лице, откако возило удрило во паркиран автомобил во Неготино, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 15.30 часот во Полициската станица - Неготино, пријавено било дека на улицата „Маршал Тито“, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино, појаснија од СВР - Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во неготинската болница. 

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица - Неготино. свд/дма/


Фото : МИА архива 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан