• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат

Гостивар, 4 март 2025 (МИА) - Возилата кои се движат по автопатот Тетово - Гостивар пред клучката за селото Врапчиште се пренасочуваат по спореден пат, заради сообраќајна несреќа која се случила околу 15:30 часот.

Според првичните информации на полицијата, дошло до судар на две патнички возила, а била повикана и брза помош за да се згрижат повредените.

Во тек увид на местото на настанот, а од СВР Тетово најавија повеќе информации за подоцна.згм/са/

Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан