• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Новинари повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите по повод трагедијата во Кочани

Новинари повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите по повод трагедијата во Кочани

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс вечерва биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, по повод трагедијата во Кочани.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи за МИА, тие по разговорот се пуштени.

Од МВР денеска информираа и дека Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип. 

Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“ и укажувањето дека „оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“.

-Апелираме до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, тие да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата, наведува МВР.ар/нд/
Фото:МИА архива 

Остани поврзан