Над 12 илјади станбени објекти и згради уништени или оштетени во досегашните напади врз Техеран
- Најмалку 12 илјади станбени објекти во Техеран се делумно или целосно уништени во американско-израелските напади врз Иран, изјави гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамадијан.
Техеран, 17 март 2026 (МИА) - Најмалку 12 илјади станбени објекти во Техеран се делумно или целосно уништени во американско-израелските напади врз Иран - изјави гувернерот на Техеран, Мохамед Садег Мотамадијан.
Ирански медиуми го цитираат Мотамадијан, кој истакнал дека жителите на Техеран, чиј објект е оштетен, може да поднесат барања за надомест на штетите до општинската канцеларија.
Според податоците на Министерство за културно наследство на Иран, најмалку 56 музеи, историски споменици и културно-историски локации во земјата се оштетени во тековните американски и израелски напади. Од нив, најмалку 19 се во главниот град, вклучувајќи ги палатата Голестан, Техеранскиот базар и поранешната зграда на Сенатот.
Претходно беа објавени информации за оштетени културни локалитети во градот Исфахан, вклучувајќи делови од џамијата на Имам Шах, сместена на историскиот плоштад Нагш-е Џахан заштитен од УНЕСКО. аб/сд
фото/МИА архива