• среда, 18 март 2026

Фицо: Загрозена е испораката на нафта во „Словнафт“

Фицо: Загрозена е испораката на нафта во „Словнафт“

Братислава, 17 март 2026 (МИА) – Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска изјави дека владата била информирана оти испораката на сурова нафта до рафинеријата „Словнафт“ станала комплицирана поради доцнења на испораките, првенствено од азиските земји.

- Претставници на рафинеријата „Словнафт“ денеска нè информираа дека на меѓународниот пазар има недостиг од околу 20 проценти нафта. Ова е толку огромна количина што автоматски создава кризни услови. Исто така, бевме информирани дека има случаи кога компанија нарачува танкер, а потоа открива дека некој друг дал повеќе пари за тој танкер. Ова главно се однесува на земји како Јапонија, Кина и Јужна Кореја, посочи Фицо.

Тој истакна и дека претстојниот самит на ЕУ за енергетика, што ќе се одржи в четврток, ќе биде големо фијаско бидејќи нема да бидат презентирани конкретни предлози, како што се мерки за намалување на цените на електричната енергија.

- Тензиите нагло се зголемуваат бидејќи унгарската влада продолжува да го блокира доделувањето на 90 милијарди за Украина. Во овие околности, од најголема важност е словачката влада да одржи одреден степен на стабилност на цените на горивата, истакна Фицо. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан