• четврток, 26 декември 2024

Тери се врати во Челзи

Тери се врати во Челзи

Лондон, 8 јули 2023 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери се врати во лондонскиот клуб. Четириесет и двегодишниот Англичанец ќе работи на академијата на клубот од Лондон.

 

- Среќен сум што се вратив дома, работам во академијата и продолжувам со мојата улога во Челзи, напиша Тери на социјалните мрежи.

 

Последната работа на поранешниот англиски репрезентативец беше во Лестер, каде што беше помошник на тренерот Дин Смит од април 2023 година.

 

Во сезоната 2022/23, Челзи заврши на 12. место во Премиер лигата. За прв пат по седум години, тимот нема да игра во европските купови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан